Болница Кавадарци доби возило како донација

Општа болница Кавадарци доби возило како донација, информираа попладнево од оваа јавна здравствена установа со проширена дејност.

-Возилото е добиено во соработка со Голден Игл никел ДООЕЛ, друштво за производство на метали. Станува збор за медицинско транспортно возило за користење по потреба на итни случаеви.
Во оваа прилика сакаме да изразиме голема благодарност до менаџерскиот тим и се надеваме на понатамошна соработка и во иднина, соопштија од Болницата.

Оттаму истакнаа дека континуирано работат на тоа да се унапредат условите за медицинска заштита но и условите за работа и лекување во болницата.

Слични