Управниот одбор на ФФМ најави реформи

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе неколку интересни одлуки.

Една од најважните можеби е усвојувањето на предлог одлуката со која Управниот одбор добива овластување да врши промени во системот на натпреварување во сите категории. Исто така, усвоена е и одлуката реформи на организациската структура во федерацијата.

Потврден беше и предлогот за основање на трговско друштво на ФФМ и отворање на фан-шоп со репрезентативни реквизити.

Најавено е дека во иднина ќе се формира и официјална арбитража на ФФМ, додека потврдени беа и предлозите за членовите на Комисијата за избор и верификација, Надзорниот одбор, Комисија за жалби, Дисциплинска комисија, етички одбор и дисциплински инспектор.

Слични