Марчињак: Јас ги повикав од ВАР!

Полскиот судија кој важи за најдобар фудбалски судија на светот во последните неколку години, се огласи преку платформата на УЕФА „Win Win“ и се обиде да „стави точка на и“ на деталот кој го реши прашањето за победникот од осминафиналниот двомеч на Лигата на шампионите.

Иако правилата за примена на ВАР системот во УЕФА натпреварувањата велат спротивно, тој бил тој кој ги контактирал колегите од контролна соба и сугерирал дека Аргентинецот ненамерно ја допрел топката со левата нога пред да ја успее во мрежата на градскиот ривал со десната.

„Дали беше Мбапе тој кој сугерираше на судиите дека Алварез два пати ја допрел топката? Апсолутно не е точно. Јас бев тој кој ги извести ВАР судиите дека постои 99 проценти шанси дека Алварез имал двојно допирање со топката при ударот и тие потоа го прегледаа снимката“, рече Марчињак.

„Да бидам искрен, никогаш во кариерата не бев во слична ситуација, но играчите ги знаат правилата“, додаде тој.

 

Слични