Сезоната заврши за Де’Арон Фокс
Еден од најдобрите кошаркари на Сан Антонио Спарс, Де’Арон Фокс, заминува на оперативен зафат поради незгодна повреда на прстот на дланката и за него сезоната е официјално завршена.
Информацијата ја потврди и клубот, кој во соопштение му посака брзо закрепнување и навремено враќање за предизвиците во следната сезона.
Фокс доживеа повреда на тетивата на малиот прст и се надеваше дека ќе мине без хируршки зафат, но лекарскиот тим предложил операција поради можноста од дополнителни компликации.
Сезонава плејмејкерот бележеше одличен просек од 19,7 поени, 6,8 асистенции и 4,3 скока по натпревар.