УЕФА и ФИФА со поддршка за Омерагиќ и ФФМ

На денешното собрание свои гости испратија ФИФА и УЕФА. Во име на Светската фудбалска федерација зборуваше Мериот Гават.

„Чест ми е што денес сум во Скопје и ви ги пренесувам топлите поздрави од името на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и целата администрација на ФИФА. Денес е историски ден за македонскиот фудбал. Иако мислам дека изборот е извесен, задоволство ми е што сум тука.

Под водство на Масар Омерагиќ веќе се направени одредени чекори и сакам да потенцирам дека ФИФА стои зад овој избор и вашиот проект. Ажурирањето на статутот е темел за понатамошна работа на вашето највисоко тело и ФИФА. Овој месец означува почеток на мундијалските квалификации и ви посакувам многу среќа. Би било неверојатно ако вашата земја избори пласман на Светското првенство во 2026 година.

Сакам да изразам благодарност за соработката со нас во ФИФА. Заедно напредуваме за развојот и на женскиот и на машкиот фудбал и формираме заедници насекаде и за секого. 

Претставникот на УЕФА, Лука Никола најави дека Македонија ќе биде вклучена во новиот проект на Европската куќа на фудбалот, кој ќе има за цел да го направат фудбалот прв женски спорт.

„Пренесувам најтопли поздрави од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и од генералниот секретар Теодор Теорoидис. И покрај тоа што сте меѓу помладите членки на УЕФА, веќе оставивте трага во нашите натпреварувања. Сите ги паметиме вашите настапи на У21 Европското првенство и на Европското првенство во 2020 година.

За земја со два милиони жители вашите резултати се импресивни. Неодамна одигравте одлично издание на Лигата на нации, а сега ве чекаат мундијалските квалификации, па ви посакувам многу среќа. Во делот на женскиот фудбал започна Лигата на нации, со вашата селекција како редовен учесник. Следните години ќе инвестираме преку една милијарда евра во женскиот фудбал, со што сакаме да го направиме фудбалот прв женски спорт. Тука ја вклучуваме вашата земја во нашиот развој. 

Промените во клупските натпреварувања наидоа на одобрување кај нашите членки. Најголем дел, 258 милиони евра, ќе отидат во земјите надвор од петте најсилни лиги, па дел од тој „колач“ е и за вашиот фудбал. Денешниот ден е важен за вас, ќе изберете нов претседател, а во името на Масар Омерагиќ имате човек со јасна визија за развој. Во тој процес можете да се потпрете на УЕФА како ваш партнер. Промената на статутот е важен чекор и ние сме тука да ве поддржиме“, рече Никола.

Омерагиќ на чело на Фудбалската федерација на Македонија седна на местото на Муарем Сејдини, кој си поднесе оставка.

Слични