Арсенал тргнува по Нико Вилијамс
Шпанскиот фудбалер Нико Вилијамс ќе биде едно до главните имиња во списокот на посакувани нови имиња во редовите на „топчиите“ за следната сезона.
Новинарот на Билд, Кристијан Фалк, објави дека претставници на лондонскиот клуб се во контакт со агентите на крилниот напаѓач на Атлетик Билбао за купување на шпанскиот репрезентативец. Интересно е што за него сериозно е заинтересиран и Баерн Минхен .
Се нагласува дека договорот на Вилијамс предвидува откупна клаузула од 60 до 80 милиони евра, па останува да се види кој ќе излезе прв со оваа понуда.