Англиски боксер Џон Ајрес пронајден мртов
Боксерот Џон Ајрес (22) пронајден е мртов откако исчезна во англискиот Самерсет. Последен пат бил виден на 3-ти март околу 2:30, а неговото тело било пронајдено околу 12 часа подоцна во реката. Обдукцијата покажа дека смртта настапила поради давење.
“Ништо не може да опише како се чувствуваме сега. Џон беше сакан син, внук, брат, братучед, внук и момче. Знаеме дека ништо нема да го врати Џон, но само сакаме да разбереме што се случило пред неговата смрт”, изјави семејството, пренесува Дејли мејл.