Македонскиот фудбалер Трапановски голот го посвети на жртвите од трагедијата (ВИДЕО)
Кристијан Трапановски го постигна вториот погодок во шкотската Премиер лига, во градското дерби на Данси меѓу неговиот Јунајтед и Данди во 30. коло.
Македонскиот фудбалер погоди за намалување на негативата на Данди Јунајтед во 49. минута од средбата.
Трапановски стрела и веднаш погледна кон небото, проговарајќи по некој збор веројатно во вид на молитва за жртвите од големата трагедија која се случи во Кочани.
Исто така, Трапановски на овој натпревар играше со црна трака околу раката.
https://ok.ru/video/9432689543783