Расел Вестбрук испиша историја
Денвер Нагетс во саботата вечерта загубија од Вашингтон Визардс со 126:123. Никола Јокиќ постигна 40 поени, 13 скока и 9 асистенции, додека Расел Вестбрук забележа 22 поени, 4 скока и 11 асистенции.
Вестбрук во текот на натпреварот ја надмина границата од 26.000 поени во кариерата, со што стана само 21-виот играч што го направил тоа.
Она што е уште поимпресивно е што стана само вториот плејмејкер кој успеа да постигне толку поени после по Оскар Робертсон.
Сепак, тоа ќе остане во сенка на поразот на Денвер од најлошиот НБА тим.