Минута молк во Копер за настраданите во несреќата во Кочани (ВИДЕО)
Иако Ракометната федерација на Македонија побара мечот Словенија- Македонија да не се одигра денес не беше уважено барањето за одложување на средбата поради големата трагедија во која животот го загубија барем 58 лица и преку 150 се повредени по пожар во ноќен клуб во Кочани.
Нашите ракометари играа со црна трака преку ракавите на дресовите, а пред стартот на средбата имаше и минута молк во чест на жртвите.