Мбапе: Ова не значи дека сум поголем од Роналдо
Реал Мадрид издвојува важна победа над Вилјареал (2-1) во меч во кој во фокусот беше напаѓачот Килијан Мбапе.
Со ова Килијан дојде до бројката од 31 погодок во сите конкуренции со што зад себе остави легенда како Бразилецот Роналдо кој во сезоната 1997/98 реализираше 30 пати за великанот од Мадрид.
Мбапе е блиску и до Кристијано Роналдо (33), ама тој не се гледа како поголем играч од двајцата.
–Тие се легенди кои дефинираа ера. Тоа е важно, но се е до бројки. Ако постигнам повеќе голови од Роналдо и Кристијано, тоа не значи дека сум поголем, тоа само значи дека мојата прва сезона оди подобро. Важно е да помогнеме и да освојуваме титули. Давањето голови е важно, но уште повеќе ако ја освоиме Ла Лига, Лигата на шампионите и Копа Дел Реј, -порача ѕвездата на „лос бланкос“.