Жена повредена на „Партизанска“: Кривична за возачот кој ја удрил со возило

Денеска (02.04.2025) во 15:58 часот во СВР Скопје од ГОБ „8 Септември” е пријавено дека кај нив е донесена З.А.(68) од Скопје, која била повредена во сообраќајна несреќа на бул. „Партизански одреди” во Скопје, при што и биле констатирани тешки телесни повреди.

Во неа удрило патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(26) од Скопје.

Известен е јавен обвинител и против В.Ј. ќе биде поднесена кривична пријава.

Слични