И по Венко, Венко: СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат

Венко или Филипче, ова е изборот на СДСМ. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) утре избира нов партиски претседател. Актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, е единствен кандидат за претседател на партијата на редовните внатрепартиски избори.

Изборите ќе се спроведат во општинските организации на СДСМ ширум републиката на 78 избирачки места, кои на денот на гласањето ќе бидат отворени од 08 до 20 часот. Надлежна за спроведување на гласањето е Централна изборна комисија на партијата.

Од СДСМ информираат дека Централната изборна комисија го потврдила и го затворила Избирачкиот список, на кој активно регистрирани се 23.712 членови, обезбеден е избирачки материјал, паравани за тајност на гласањето, избирачки кутии, ознаки и се што е потребно за изборниот ден. Гласањето на болни и немоќни е овозможено, еден ден порано, односно во сабота на 05.04.2025 година.

Внатрепартиските избори за претседател на СДСМ, претходно беа закажани за 16 март, но беа одложени поради трагедијата во Кочани.

Филипче за лидер беше избран во јуни минатата година на вонредните избори кои СДСМ ги организираше по оставката на Димитар Ковачевски.

Внатрепартиските избори за претседател на СДСМ се достапни на веб страната на СДСМ или директно на следниот линк.

СДСМ информираа дека информацијата за резултатот ќе ја соопштат денеска по завршување на процесот на гласањето.

Ќе било неизвесно до крајот…

Слични