Реал Мадрид тргнува по Ерлинг Халанд
Флорентино Перез спрема нова трансфер „бомба“ за следното лето, а тоа е Ерлинг Халанд.
Шпанските медиуми пренесуваат дека главна цел на „кралевите“ ќе биде ѕвездата на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд.
Халанд е еден од најдобрите напаѓачи во светот и поради тоа „кралевите“ сакаат да го купат следното лето, иако веќе го ангажираа Килијан Мбапе.
Норвежанецот наводно е подготвен за такво сценарио, но Реал Мадрид ќе треба да плати 200 милиони евра за неговиот потпис.