Стефан Крафт победник на стартот на Четирите скокалници во Оберздорф

Стефан Крафт е победник на првата етапа од овогодинешната новогодишна турнеја Четири скокалници која се одржа во германскиот ски-центар Оберстдорф.

Австриецот кој минатата сезона беше освојувач на Големиот кристален глобус во Светскиот куп успеа да тргне триумфално на првата од Четирите скокалници. 31-годишникот дојде до триумф со скокови од 138 и 135,5 метри, односно вкупно 335,1 бода.

Подиумот во Оберстдорф беше „австриски“ бидејќи на него освен Крафт се пласираа уште Јан Херл (134,5 и 135 метри), како и Даниел Чофениг (131 и 140,5 метри).

Скокачите се селат во Гармиш-Партенкирхен каде што во вторник ќе се борат за победата.

Слични