ФК Вардар се сели во Анталија, закажани се пет контролни натпревари

ФК Вардар ќе замине во Турција на 18 јануари и ќе се задржи до 8 февруари, период во кој ќе одигра пет контролни натпревари и кои ќе треба да му помогнат на тренерот Гоце Седлоски на најдобар можен начин да ја подготви екипата која ја очекува жестока битка за опстанок во ПМФЛ, плус тука е и настапот во Купот на Македонија.

„Црвено-црните“ ќе излезат на мегдан со клубови од Казахстан, Грузија, Украина, Унгарија и Австрија, поточно ќе играат против Актобе, Сабуртало Ибериа 1989, Верес, Чаквар и Рапид Виена.

 

Слични