Лука Циндриќ го пропушта СП?

Селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон даде изјава со која ги загрижи навивачитеод оваа земја пред СП.

Имено, еден од најважните хрватски ракометари, Лука Циндриќ е под знак прашалник за настапот на Мундијалот кој започнува за една недела.

„Кларица и Граховац сигурно ќе ги имаме за следниот тест со Словенија, Циндриќ нема да биде на располагање. Кај него ситуацијата за жал е малку поинаква. Не тренираше цел декември и не е во ритам, прашање е дали ќе биде подготвен за Мундијалот“, изјави Сигрудсон.

Слични