Лазаревски: Браво за сите за одиграниот меч

Македонскиот ракометен репрезентативец Милан Лазаревски по натпреварот потенцира дека Македонија денеска против себе имаше незгоден противник во селекцијата на Холандија.

„Единствено што може да се издвои за нивната игра е брзата транзиција и брзата контра, не се физички супериорни, тоа беше на наша страна. Но, нивната игра ја имаат доведено до перфекција, колку и да се спремаш, на терен, во реално време, беше многу тешко да се браниш.

Разликата на терен ја правеше нивниот најдобар ракометар, тој ги покриваше сите недостатоци на селекцијата. На поставена одбрана не ни можеа многу, бидејќи одлично се браневме, но немавме решение за нивните брзи транзиции и контри. Не би сакал да коментирам екстремни фактори. Најлесно е да се впери прст кон некого, но прво треба да си гледаме во својот двор. Немавме никаква помош, но ниту фер услови за игра. Браво за сите за одиграната партија“, рече Лазаревски.

Слични