Масимилијано Алегри ќе замине во Саудиска Арабија?
Според „Corriere dello Sport“, Ал Ахли на италијанскиот тренер Масимилијано Алегри му нуди 2-годишен договор вреден 50 милиони евра.
Последната работа на Алегри беше во Јувентус, кој го напушти во мај 2024 година.
По 15 натпревари Ал-Ахли е на 5. место во првенството на Саудиска Арабија. Во тимот на Ал-Ахли играат Роберто Фирмино, Ријад Марез и Франк Кеси.