МЗТ Скопје Аеродром убедливо го победи Работнички

Кошаркарите на МЗТ Скопје дојдоа до 13-тата победа во последните 14 вечни дербија, откако вечерва со далеку подобра игра во второто полувреме го совладаа тимот на Работнички со 75-63) во средба од 14. коло од Првата кошаркарска лига.

Најзаслужен за победата на МЗТ беше Војдан Стојановски, кој средбата ја заврши со 20 поени и четири асистенции, додека двоцифрен поентерски ефект кај сино-белите имаа уште и Бојан Крстевски со 14 поени, Дион Едвин со 12 поени и шест скока и Андреј Маслинко со 11 поени и девет скока. Стојан Ѓуроски со 18 поени, четири скока и осум асистенции беше убедливо најдобар кај Работнички.

Шампионот со овој триумф дојде до скор 11-3 и задржување на првото место без разлика на останатите резултати во рундата. Црвено-белите, пак, од Градски парк сега се на 8-6 и по ова коло би можеле да паднат дури и на седмата позиција на табелата.

Слични