Џонов: Навивачите се нашиот осми играч, кога не ни оди тие се тука

Македонската ракометна репрезентација ја оствари целта и се пласираше во главната фаза на Светското првенство (СП) во Хрватска, Данска и Норвешка.

Клучна за овој пласман беше победата над Гвинеја од 29:20, по која нашите ракометари беа задоволни од играта, а посебно се истакнаа оние кои играа помалку на првите два натпревари.

„Победивме натпревар кадешто бевме фаворити. Малку ни беше тешко на отворањето, но знаевме дека ќе биде така по првите два меча кои беа доста тешки. Имавме лош старт, но како одминуваше времето презедовме контрола и победивме како што заслужувавме. Публиката беше феноменална, морам да ја поздравам. Тие се наш осми играч, ни даваат ветер во грб дури и кога не ни оди. Сега треба малку да се одмориме, да направиме анализа, за подготвено да влеземе во вториот круг.“, изјави Иван Џонов по натпреварот.

Нашиот национален тим во следната фаза пренесува еден бод, а ќе игра против селкциите на Австрија, Катар и Франција.

Слични