Маркус Рашфорд го прекина молкот
Рубен Аморим реши да им одржи лекција на Рашфорд и Гарначо и да ги елиминира двајцата за големото дерби против Сити, па откако менаџерот објасни дека тоа го направил поради лоша исхрана и недоволно добри перформанси на тренинзите, Португалецот мораше да се потпира на други крила.
Амад Диало го украде шоуто во завршницата од дербито и со два клучни потези се погрижи за пресврт на Јунајтед, победа на која сепак се израдува и еден од двајцата изоставени.
До овој момент, Алехандро Гарначо нема никаква реакција за големата дерби победа која ја остварија „ѓаволите“, но Маркус го прекина молкот и испрати порака од својот дом.
– Дааааааа. Го сакам ова момци, – порача Рашфорд, покажувајќи слика од прославата на Диало.