Вујовиќ: Македонија направи голем чекор кон модерниот ракомет
Ракометниот тренер Веселин Вујовиќ ја има улогата на селектор на Катар . Вујовиќ пред мечот со Македонија не штедеше добри зборови за играта на избраниците на селекторот Кирил Лазаров.
„Мило ми е дека Македонија освои еден бод против Австрија. Ни се трудевме тука со победа да можеме да и помогнеме на Македонија. Не ни успеа. Следен ривал ни е Македонија, за жал ќе мора да се обидеме да дадеме се од себе, ново секој случај поздрав за целиот македонски народ“, рече Вујовиќ, кој потоа додаде дека македонската репрезентација многу напреднала во секој аспект од играта.
„Македонија игра многу добро. Игра смирено, игра тактички добро, се борат во одбрана. Го заслужуваат ова и без разлика што ќе направат до крајот на Светското првенство, тие веќе направија голем чекор напред кон модерниот ракомет“, изјави Вујовиќ во пресрет на мечот против нашата селекција.