Мејсон Гринвуд ќе настапува за селекцијата на Јамајка
Поранешниот англиски репрезентативец и екс-член на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд, официјално се откажа од своето државјанство и во иднина ќе настапува за националниот тим на Јамајка.
Гринвуд имаше огромни проблеми откако беше обвинет за силување на својата девојка, по што следуваше вртоглав пад во неговата кариера, но сега полека се враќа во форма и бележи солидни настапи во дресот на Олимпик Марсеј (13 гола и три асистенции).
Офанзивецот ќе може да игра за Јамајка и покрај фактот што имаше еден настап за Англија во Лигата на нации.
Правилата на ФИФА дозволуваат играчите да го променат националниот тим ако не одиграле повеќе од три натпревари до 21-годишна возраст, па затоа јамајканската федерација ја искористи шансата да го повика во својата екипа.