Чикаго Булс го трејдуваше Никола Вучевиќ
Чикаго Булс се обидува да се реши од услугите на 34-годишникот со цел подмладување на составот и да добие финансиско олеснување па е подготвен да реализира и трампа за само еден драфт пик од првата рунда.
Вучевиќ игра одлична сезона бележејќи „дабл-дабл“ учинок од 20.1 поен и 10.3 скокови дополнет со 3.4 асистенции по натпревар, но Чикаго е на само десеттата позиција на табелата во Источната конференција.
За Црногорецот постои интерес од Лос Анџелес Лејкерс каде би му бил од огромна помош на Ентони Дејвис.