Влаховиќ на заминување од Јувентус, следна станица – Челси или Манчестер Јунајтед

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ е далеку од посакувана опција во нападот на Јувентус и нема да биде изненадување ако зимава го напушти торинскиот клуб.

Италијанскиот менаџер Винченцо Морабита уверува дека тој е на заминување од Јувентус, а како следна дестинација ги спомнува Челси и Манчестер Јунајтед.

„Влаховиќ ќе го напушти Јувентус и веројатно ќе оди во Челси или Јунајтед, а трансферот би можел да биде реализиран на последниот ден од јануарскиот преоден рок. Нема најава за евентуално продолжување на договорот со Јувентус, а Џунтоли претходните денови беше во Англија за да види каква е ситуацијата околу можната продажба. Ако трансферот не се оствари сега, тоа сигурно ќе се случи во јуни“, вели Морабита.

Дека Тијаго Мота не е задоволен од Влаховиќ, доказ е тоа што инсистираше да добие уште еден напаѓач и го донесе Рандал Коло Муани од ПСЖ кој на своето деби постигна гол.

Слични