Португалскиот пивот удрен во глава, не се сеќава на претходниот меч на СП

Португалија утре ќе излезе на мегдан со Германија во иториското четвртфинале за оваа селекција на еден ракометен мундијал, а се уште е неизвесно дали на овој дуел Португалците ќе можат да сметаат на еден од своите најдобри ракометари, Луис Фраде.

Овој 26-годишен пивот кој настапува за Барселона го пропушти последниот меч против Чиле, а селекторот Переира на денешната прес-конференција обелодени дека причината не била тактичка, туку здравствена по неочекуваните проблеми со кои Фраде се соочил на претходниот дуел со Шпанија.

„Би сакал Фраде да играше десетина минути со Чиле, но тоа беше невозможно. Тој доби силен удар со Шпанија, на моменти дури и го имаше загубено чувството за правец. Не беше добро, на пример, не се ни сеќаваше на завршницата од тој натпревар, кога влезе во игра и ни помогна во играта „седум на шест“. Секако дека бевме загрижени, затоа и не играше против Чиле. Сега делува дека е во ред, па ќе видиме, дали ќе може да ни помогне со Германија, се надевам дека тоа ќе биде случај“, изјави селекторот на Португалија.

Слични