Милан договори уште две засилувања

Италијанскиот фудбалски клуб Милан денеска го потврди Сантијаго Хименез од Феенорд, а исто така го договорија и Жоао Феликс од Челси. Меѓутоа клубот од Милано не е мирен и договори уште два потписи, засилувањата на средината на теренот и офанзивната линија.

Ворен Бондо од Монца е нов член на „црвено-црните“ за сума од 10 милиони евра, а тука е и Рикардо Сотил од Фиорентина кој доаѓа на позајмица со право да биде откупен на крајот на кампањата.

Воедно треба да се потенцира дека клубот го напуштија повеќе играчи како Мората, капитенот Калабрија, Бенасер, а младиот Зероли оди на позајмица во Монца.

Слични