Србија и Албанија заеднички ќе организираат фудбалско ЕП
Европската фудбалска федерација денеска потврди дека Албанија и Србија ќе бидат домаќини и коорганизатори на Европското фудбалско првенство за играчи до 21 година.
Шампионатот е предвиден за 2027 година, кога 16 европски селекции ќе се борат за трофејот настапувајќи во групите кои ќе се играат во двете земји.
Србија ќе биде домаќин на стадионите во Лесковац, Лозница, Зајечар и Нови Сад, каде ќе се одигра и првиот натпревар на турнирот.
Албанија ќе ги организираат натпреварите во Скдар, Рогожина, Елбасан и Тирана, а на новиот стадион во албанската престолнина ќе се игра и финалето.