Александер-Арнолд избегна сериозна повреда
Повредата на Трент Александер-Арнолд заработена на дуелот со Борнмут беше причина за загриженост во редовите на Ливерпул, но лекарскиот тим на „црвените“ испорачал позитивни вести за стручниот штаб.
Англискиот репрезентативец избегнал посериозна повреда и подолга принудна пауза, па останува достапен за менаџерот Арне Слот и наредниов период.
Најавите на медиумите на островот се дека Слот нема да ризикува со десниот бек и ќе го одмори за претстојните куп натпревари.
Александер-Арнолд веројатно ќе го пропушти дуелот во Карабао купот со Тотенхем во четврток, како и тој против Плимут во ФА купот планиран за претстојниот викенд.