Е.Пелистер со пораз од ПСЖ го заврши настапот во ЛШ
Македонскиот ракометен шампион Е.Пелистер со пораз од 26-35 од францускиот гигант Пари Сен Жермен го заврши настапот во групната фаза од Лигата на шампионите.
На крајот, пелистерци остварија ефект од три победи, две нерешени средби и девет порази и завршија на седмата позиција на табелата во групата А.
Филип Кузмановски беше стрелец на седум гола, а Филип Ивиќ имаше девет одбрани во тимот на Еурофарм Пелистер.
Ѕвездата на ПСЖ, Елохим Пранди со осум гола беше најефикасен ракометар на овој дуел.