Судири меѓу навивачите на Реал Мадрид и полицијата (ВИДЕО)
Непријатни сцени се одиграа пред дербито во Мадрид, кога навивачите на Реал имаа конфликт со полицијата.
На социјалните мрежи се појави видео кое покажува како поддржувачите на „кралскиот клуб“ фрлаат предмети врз полицајците, што поттикна реакција од нив, и прерасна во тепачка.
Среќа во несреќа, ситуацијата се смири брзо и вниманието беше насочено кон фудбалскиот натпревар.
https://twitter.com/i/status/1899890856993103969